Марија Спасовска има нова песна – „Венера“

Деновиве новата надеж на македонската музичка сцена, младата Марија Спасовска ја промовираше најновата песна со наслов „Венера“.
Таа пред помалку од три месеци дебитираше на годинешното издание на фестивалот на забавни мелодии во Штип, „Макфест 2022“, каде веднаш со својот настап успеа да ги освои симпатиите на домашната јавност. Таму настапи со песната „Омилен“, која оттогаш, па досега се емитува на сите радио-станици ширум Македонија.
Инаку како и на претходните, така и на најновата „Венера“, Марија самата се потпишува како автор на музиката и стиховите на песната, додека аранжманот, миксот и мастерингот се дело на познатиот музички продуцент и аранжер, Иван Јованов – Ивајо.
