ОБЈАВЕН КОНКУРС ЗА ОБУКА ЗА ЛИЧНА АСИСТЕНЦИЈА НА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ
Врз основа на Програмата за социјалната заштита на Општина Битола за 2023, Планот за социјална заштита 2020-2024, и решение за верификација на посебна програма УП1 бр. 13-2122 од 29.10.2021 година на Црвен крст на Македонија – Општинска организација Битола, Општина Битола во соработка со ОО Црвен Крст Битола распишува Конкурс за обука за Лична асистенција на лица со попреченост.
Се повикуваат сите заинтересирани лица кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со државно верификуван сертификат да аплицираат во периодот од 28.12.2022 до 05.01.2023 година.
Заинтересираните кандидати можат да се пријават на е-маил: bitola@redcross.org.mk; тел. 047 236 019 или на шалтер бр. 1 во Општина Битола со пополнување на пријавата за обука за Лични асистенти на лица со попреченост.
Повеќе информации за конкурсот, достапни се на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/konkurs-licna-asistencija/