Битолскиот театар од сараевскиот фестивал за камерни претстави се врати со награда

НУ Народен театар – Битола од фестивалот ,, Дани Јурислава Коренича” во Сараево која се одигра на 23ти декември се врати со наградата за најдобра режија ,,Јурислав Корениќ” која оди во рацете на Васил Христов за претставата ,, ДЕМОНИ”.
На шестиот меѓународен фестивал на камерен театар 55 „Денови на Јурислав Корениќ“ на публиката и биле понудени пет претстави од регионот „поранешна Југославија“. Стручното жири составено од претседателката Јасна Жалица и членовите Лариса Сарајлиќ-Рамовиќ, Аднан Лугониќ и Ален Шимиќ одлучи наградата „Драган Јовиќиќ“ за најдобра претстава ја освои претставата „Нашиот клас“ на Градскиот драмски театар „Гавела“ од Загреб, Марко Петровиќ Његош ја доби наградата за најдобра сценографија за претставата „Без ресор“, наградата „Жан Маролт“ за најдобар актер ја доби Енес Вејзовиќ, Владек од претставата „Нашиот клас“,Наталија Ѓорѓевиќ ја доби наградата за најдобра актерка за улогата на Рахелка во претставата „Нашиот клас.

Наградата „Авазов змај“ за најдобра претстава, која традиционално ја доделува најтиражниот весник во Босна и Херцеговина „Дневни аваз“, годинава ја доби претставата „Без портфолио“ на Градскиот театар од Подгорица, по текст на Стеван Копривица, во режија на Бранислав Миќуновиќ.
Народен театар Битола во Сараево последно се претставил во 2005 год. на фестивалот Месс со претставата ,,Тимон од Атина”. По 17год. повторно пред сараевската публика со претставата ,, ДЕМОНИ” и со наградам информираат од НУ Народен театар – Битола
