September 28, 2023

Заврши сервисот на Блок 1 и денеска РЕК Битола работи со два блока

Од РЕК Битола информираат дека Блок 1 на РЕК Битола од утринава повторно е вратен на мрежа. По завршувањето на сервисно – ремонтни активности, постројката е во функција и работи со максимален капацитет.
„РЕК Битола во моментов работи со два од трите блока. Покрај Блок 1, во функција е и Блок
2, а на Блок 3 во тек се активности за монтажа на новиот трансформатор.
Како што во повеќе наврати известивме, годинава заради енергетската криза во која се
наоѓа државата и потребата од постојано и зголемено производство на електрична енергија,
ремонти и санација на делови од блоковите се изведуваат кога ќе се укаже можност за тоа, без
притоа да се загрози стабилноста на постројките.“- пишува во соопштението на РЕК Битола


1028