Joy to the world, не е на Хендел

„Радост за светот“ е напишана од англискиот свештеник и химнoписец Исак Вотс, базирана на христијанско толкување на Псалм 98.
Исак Вотс бил син на учител и е роден во Саутхемптон, на 17 јули 1674 година. Татко му бил познат религиски неконформист од тоа време и често бил во затвор за своите религиски убедувања. Неколку великодостојници го упатиле Исак Вотс на училиште, а тој брзо го манифестирал својот талент за јазици и пишувае стихови. Стана свештеник и почнал да пишува песни и химни кои сакал да се пеат по неговите проповеди. „Радост за светот“ не е божиќна песна, туку го слави второто доаѓање на Христос. Во оваа прекрасна химна, Исак Вотс ја прави врската помеѓу Христовото доаѓање на овој свет и почетокот на обновувањето. Христос носи „радост на светот“, светлина каде што има темнина, раст каде што има распаѓање. А ние, заедно со целото создание, и градот и светот, одговараме со пофална песна.
Музички, првите четири ноти на „Радост за светот“ се исти како првите четири во хорот „Подигнете ги главите“ од Хендл , а во третиот дел и од хорот „Утеши се“. Оттука, често како автори на оваа песна може да се најдат запишани Хендел и Вотс. На линкот од крајот на текстов е во џез верзија .
