ОД ВУХАН ДОЈДЕ КОРОНАТА, А СЕГА НОЌНИ ТАКСИ ВОЗИЛА БЕЗ ВОЗАЧИ. Првите 50 возила со вештачка интелигенција таксираа синоќа (ВИДЕО)

Платформата за самоуправувачко возење, „Аполо го” првпат пушти ноќно такси во Вухан, означувајќи ја новата фаза од овој комерцијален бизнис. Во мигов, со повеќе од 50 такси без возач во оптек, „Аполо го” покрива област од над 130 квадратни километри во Вухан.

Кинескиот технолошки гигант „Баиду” објави проширување на комерцијалната оперативна област и на работното време на својата такси-услуга без возач во градот Вухан во средишна Кина.
Платформата за самоуправувачко возење, „Аполо го” првпат пушти ноќно такси во Вухан, означувајќи ја новата фаза од овој комерцијален бизнис. Во мигов, со повеќе од 50 такси без возач во оптек, „Аполо го” покрива област од над 130 квадратни километри во Вухан. „Баиду” има свои пилот-услуги на „Аполо го”, и во Пекинг, Шангај, Гуангжу и Шенжен, јави Синхуа.
Последниве години, Кина воведува сѐ повеќе начини за поголем развој и комерцијализација на технологијата на возила без возач.
