Утринава се асфалтира втората делница од Бул 1 мај, работите на улицата привршуваат

Општина Битола, ги завршува отпочнатите инфраструктурни активности на една од најголемите улици. Градоначалникот Тони Коњановски, денеска изврши увид на работата на терен и асфалтирањето на втората делница од улицата „Булевар 1 Мај“, со што и овој проект влегува во завршна фаза. Градоначалникот, изрази голема благодарност до граѓаните за трпението кое го покажаа деновиве, додека траат работните активности, до СВР Битола за дадената поддршка и регулирањето на сообраќајот во овој дел на градот во деновите кога раздвиженоста на граѓаните е особено голема. Коњановски, се заблагодари и на изведувачите за нивната ангажираност и работа и во вечерните часови, со што дадоа поддршка на посветеното работење на општината за успешно завршување на оваа градежна сезона.

Со овој проект, беше опфатена реконструкција на коловоз, канализација и водовод на „Булевар 1 Мај“, од улицата „Добривое Радосављевиќ“ до улицата „4 Ноември“. Завршувањето на проектот, вклучува комплетно уредување и поставување на ново улично осветлување со 25 канделабри на потегот од „Мал Безистен“ до улица „4 Ноември“.
Вкупната вредност на овој проект изнесува 17.802.287 денари.
Извор: Општина Битола
