December 7, 2023

ПРАЗНИЧНА ЧЕСТИТКА ОД ОК ВМРО-ДПМНЕ БИТОЛА

Почитувани граѓани, членови, симпатизери, подржувачи,
Новогодишните и Божикните празници Ви посакуваме да ги минете во среќни, спокојни празнични мигови со најблиските.
Крајот на годината е време за размислување, сумирање, време за согледување, но и време за нови планови, чекори и предизвици во новата година.
Остануваме во силно сојузништво со Вас, почитувани битолчани и докрај посветени на обезбедување поквалитетни животни услови на секој граѓанин на општина Битола и подобрување на инфраструктурните ресурси.
Годината пред нас нема да биде лесна ниту од економски, ниту од политички аспект, но ние максимално се вложуваме сите препреки да бидат надминати со што помали последици и 2023 дефинитивно се мобилизираме целосно за уште една голема битка и победа на предвремените парламентарни избори.
2023 да биде година на нова надеж, економски просперитет, национално достоинство, демократија и правда!
Среќни Новогодишни и Божикни празници и остварување на сите желби – личен, семеен и професионален напредок!
ОК ВМРО ДПМНЕ Битола
претседател
Пеце Милевски


1019