May 20, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: наместо нов Клинички, плаќаме 20 милиони евра отштета

„Наместо изградба на нов клинички која требаше да стартува во 2017 година, а новиот клинички да е веќе и готов, граѓаните ќе плаќаат отштета. Неспосбноста на надлежните, како Министерството за здравство граѓаните ќе ја платат од свој џеб, а станува збор за отштета од речиси 20 милиони евра, заради раскинат договор за Клинички центар. “

Додека секоја држава има јавно здравство и тоа е основа на здравствениот систем, во Македонија се уништува јавното здравство на сметка на приватното – стои во реакцијата на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ. Резултат од лошата политика – граѓаните џабе плаќаат здравствено. На граѓаните им е ускратено лекувањето, а плаќаат секој месец.

фејсбук објава

1136