October 1, 2023

СДСМ: 2023 со рекорден буџет за земјоделство

„Светската економска криза, покажа колку е важно домашното производство на храна и земјоделски производи. Претходната, 2022 година ја завршивме со рекордни 140 милиони евра исплатени во земјоделството. Таа грижа, таа поддршка продолжува и во 2023 година со нови 150 милиони евра поддршка.“-изјави денеска на прес конференција Гоце Георгиевски од Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

„2023 година ќе биде година на големи можности за земјоделците….Една од клучните промени за 2023 е Програмата за рурален развој, која прераснува во инвестициска програма со буџет од една милијарда и педесет милиони денари..Согласно новиот модел на субвенционирање и авансната исплата на субвенциите, за оваа година предвидени се дури седум милијарди денари за субвенции кон вистинските земјоделци. “


1091