March 28, 2024

Османи ќе ја враќа ОБСЕ во Украина, за тоа Македонија планира 5.100,000 Евра

Од 1 јануари Македонија го презеде претседавањето со Организацијата за безбедност и соработка со Европа (ОБСЕ). Претседавач, според протоколите на организацијата е македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи.

„Голема одговорност и чест е да го преземеме претседавањето со ОБСЕ за 2023 година. Нашата цел ќе биде да се фокусираме на самите принципи на завршниот акт на Хелсинки, во интерес и за потребите на народот“, рече Бујар Османи, министерот за надворешни работи на Северна Македонија и новиот претседавач на ОБСЕ во својот говор, како што пренесува пресс службата на организацијата ( целата нивна вест на линкот: https://www.osce.org/chairmanship/535161 ).

Денеска сепак во фокусот на македонските медиуми е колку ќе ја чини државата ваквата голема чест. „Претседавањето со ОБСЕ ќе не чини 5.000,000 (пет милиони евра), а само промоцијата преку ПР агенција ќе чини 100.000 евра.“- вели Османи, и тоа вели се средства за организација на Министерски совет во Скопје , што треба да се одржи во Скопје, во салата „Борис Трајковски“која требало да се прилагоди со некакви доградби и со нови автомобили за 70 министри што ќе дојдат тука. Конференцијата треба да се одржи на крајот на македонското претседавање со ротирачкото претседателство. „Претседавањето со ОБСЕ ќе заврши со најголемата конференција која било кога е организирана во земјава. Над 70 министри за надворешни работи ќе дојдат тука. Ние немаме ни соодветен објект во кој може да се организира тој настан, но решивме дека со соодветни доградувања може да се одржи во салата „Борис Трајковски”. (https://www.vesti.mk/article/63b5828c95507921ecdd840d)

Според неговите досегашни обраќања, првиот чекор што ќе го направи е посета на Украина, потсетувајќи дека во моментов ОБСЕ нема своја мисија таму затоа што Русија ставила вето, па земјата претседвач ќе трба да најде начи да ја врати ОБСЕ во Украина. „Во наш фокус, како земја претседавач, ќе бидат теренските мисии. Ќе преземеме и поддржиме конкретни активности со цел олеснување на животот на луѓето, унапредување на нивните права и слободи,” истакна Османи, пренесува DW на Македонски јазик.


1149