Турската компанија АКСА заинтересирана за инвестиции во енергетиката во Северна Македонија, ЕСМ денеска со отчет за купувањето гас
Високи претставници на турската компанија АКСА денеска беа во посета на АД ЕСМ, при што двете енергетски компании се запознаа со делокругот на работа и дејностите што се изведуваат во рамките на секоја фирма. АКСА е најголемиот самостоен производител на електрична енергија во Турција, преку електрани на различни погони: јаглен, природен гас, мазут и хидроелектрани. На денешниот состанок изразија интерес за инвестирање во енергетскиот сектор кај нас.

Од ЕСМ денеска до медиумите беше испратена и реакција на коментарите дека за јануарскиот гас ќе плати 1 милион евра повеќе од минатиот месец. Притоа „Макпетрол“ не е избраниот добавувач.
„Во моментот на носење на одлуката за избор на најповолна понуда за набавка на природен гас за јануари 2023г во постапката спроведена од страна на ЕСМ Продажба, цената понудена од Балкан Јутилитис од 115,97е/MWh беше пониска од цената понудена од Макпетрол од 116,20e/MWh…

…доколку Макпетрол во месец декември имаше сознанија дека цената за јануари ќе има тенденција на спуштање, требаше истите да ги пренасочи кон понудата и да даде понуда со пониска фиксна цена“-образлагаат денеска од ЕСМ за одлуката јануарскиот гас да го купат од фирмата Балкан Јутилитис. Во соопштението се додава дека ЕСМ и за февруарскиот гас ќе го објави истиот оглас на кој право на пријавување имаат сите заинтересирани.
Извор: ЕСМ
