December 7, 2023

Македонија нема ефикасна заштита на недвижното културно наследство

Мерките и активностите кои ги преземаат надлежните институции не се доволни и ефикасни да се оствари потребната заштита и ревитализација на недвижното наследство. Вака започнува денешното сооштение за медиумите испратено од Државниот завод за ревизија( ДРЗ), откако ја завршиле ревизијата за успешоста на тема „Ефикасност ја политики и мерки за заштита, управување и ревитализација на недвижното културо наследство“.

Станува збор за редовна годишна активност на ДРЗ, а во соопштението велат дека опфатот и доказите кои се обезбедени по пат на спроведување техники и методологија од страна на ревизијата им дава основа да го изразат заклучокот дека има недоречености и неповрзаности во законсaкта регулатива и нејзината применливост во пракса што на терен оневозможува заштита на недвижното културно богаtство, заради што и препорачуваат измени во Законот за заштита на културно наследство. Вториот приоритет за ДРЗ е отустсвото на стратешки и плански документи зa заштита, што пак е во директна врска со очигледниот застој во процесот на класификација и ревалоризација на недвижното наследство што досега има 18% финализираност. Ревизорите направиле и истражување на средствата кои се користат за заштита на објектите од минатото. Од 2018 до 2021 година биле потрошени 293.528 илјади денари. Ова се малку пари во однос на тоа што било побарано од Националните установи на теренот надлежни за одржување на културните споменици.

Нерешените имотно-правни односи , долгиот период за постапките за експропријација, отсуството на редовна грижа, одржување, обезбедување , прездемање мерки за заштита од страна на имателите/ корисниците и надлежните институции придонесуваат кон оштетување, загуба, уништување и зголемени трооци за одржување и активно фунцкионирање на недвижното културно наследство во македонија.

Оттука, ревизорите , освен нова законска регулатива предлагаат и зголемување на стручниот кадар и инспекциските служби во институциите задолжени за заштита на културното наследство.


1073