Колку предновогодишно потрошиле Британците на храна

Британските домаќинства потрошиле повеќе од 12 милијарди фунти на намирници за Божиќ, што е највисока сума од почетокот на евиденцијата, покажува истражувањето на компанијата „Кантар“, a кај нас пренесува агенцијата Макфакс makfax.com.mk/ekonomija/
Вкупната потрошена сума сепак не е многу поголема од лани, пред се поради повисоките цени на храната и пијалоците, а не поради поголемата потрошувачка на граѓаните, покажува месечниот монитор на „Кантар“. Британците во декември потрошиле речиси една петтина повеќе пари на традиционални пити со мелено месо, иако не купиле повеќе отколку во 2021 година. Тие потрошиле 16 отсто повеќе пари на божиќни пудинзи, со само шест отсто продадени слатки.
Повеќе на : makfax.com.mk
