April 19, 2024

УХМР прогнозира новогодишната ноќ ќе мине ведро , тивко и магливо

Денеска е студено, тивко без силен ветер кој дува со брзина од 5 км/час и температура на воздухот од 11 степени Целзиусови измерени на пладне. Од УХМР пргонозираат дека вечерва, за време на новогодишната ноќ времето ќе биде претежно ведро и тивко, а по котлините ќе има појава на магла или ниска облачност.
Во следната година, од утре, велат продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури. По котлините, и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет, особено во ноќните и претпладневните часови, како и пониски дневни температури. Во среда ќе дува умерен северозападен ветер, што ќе ги намали условите за магла.

Во Пелагониската котлина температурата на воздухот и натаму ќе се движи од -4степени Целзиусови најниска утринска температура , до 8 степени Целзиусови како максимална предвидена дневна температура.


1182