March 28, 2024

Новогодишната ноќ релативно мирна за Службата за итна медицинска помош во Битола

Интервенција за едно алкохолно интоксицирано лице имале од Службата за итна медицинска помош во Битола. Нивното дежурството на новогодишната ноќ поминала реалтивно мирно. Со мал број на интервенции, најмногу кај лица кои побарале лекарска помош поради високо загадениот воздух. Најмногу интервениравме кај лица со хронични белодробни заболувања – со астма или хронични респираторни болести велат денеска на 1 јануари 2023 година. Другите неколку посети биле од лица кои поради настинки имале висока телесна температура.

Со честитка за 2023 година препорачуваат да се внимава со конзумирањето на алкохолни пијалаци како превенција од несакани последици, а и да се внимава на користењето пиротехнички средства како би се избегнале изгореници или други потешки несакани последици.


1167