Синоќа без интервенции на TППЕ
Без никакви вонредни интервенции изминала новогодишната ноќ за вработените во ТериторијалнатаПротивПожарнаЕдиница (ТППЕ) во Битола.
Нивната дежурна екипа обезбедувала масовен настан во Офицерски – организираниот дочек на 2023 година од Општина Битола.
Со желби за среќна година до битолчани, од ТППЕ Битола предупредуваат за опасноста од пожар од злоупотреба на оружје, експлозивни и пиротехнички средства. Непрофесионално и невнимателно постапување со пиротехнички средства може да доведе до сериозни последици. Предупредуваат и на внимателно однесување со било кои запаливи средства и палењето огнови во градска средина што исто така може да доведе до несакани последици од поширок размер.