Алмир Адемоски, Поинаку: Во 2023 да се намалат партиските препукувања и спреги и улиците да станат функционални

Предновогодишно, додека советниците размислуваа, расправаа и гласаа за Буџетот на Општина Битола, pelanet.mk ги праша На / За што се надеваат во 2023 година како советници.

Алмир Адемоски е советник од независната група советници Поинаку.

„Во 2023 година се надевам на забрзување на процесите, односно проектите да се реализираат побрзо од досега. Да се намалат партиските препукувања, спреги и слично. Се со цел, сите проекти и програми на Поинаку и на другите советнички групи да се реализираат. Исто така го гледам градот како почист град, се надевам свеста на граѓаните да се подигне на повисоко ниво, да се намалат дивите депонии, да се исчисти, во и околината на Битола , улиците да се почисти, Комуналец да ја извршува подобро работата отколку досега. И, инфраструктурно, мислам дека буџетот за улици е доста обемен , има доста добри проекти, ќе се опфатат многу улици.Многу е важно да напоменам улица„ Крушевска“ , се наоѓа зад стадионо, за која после 10 години добиваме одобрение да се тргнат далноводите и ќе биде пуштена за сообраќај со што ќе се намали гужвата кај Ракометно игралиште. Улиците се важни затоа што има голем сообраќаен метеж, значи сега се нефункционални, се прави многу гужва. Има улици кои се 30 години негибнати. Ул. „Индустриска“ која се протега од „Цермат“ до „Жито Битола“ и потаму до „Фрижидери“ , таа е битна улица која ќе биде опфатена, а таму гравитираат голем број на фирми со што ќе му се подобри функционирањето.
И нови инвестиции може да се привлечат со добра инфраструктура тоа е многу битно.
Среќна нова година, здравје, љубов, успеси. “


1285

Задолжително

Verified by MonsterInsights