Марта Ѓоргиевска, Социјалистичка партија: Битола во 2023 да стане град во кој ќе среќавам насмеани лица

Предновогодишно, додека советниците размислуваа, расправаа и гласаа за Буџетот на Општина Битола, pelanet.mk ги праша На / За што се надеваат во 2023 година како советници.
Марта Ѓоргиевска е член на Социјалистичка партија, коалиционен партнер во коалицијата „Обнова за Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.


„Факт е Битола неможе преку ноќ и со магично стапче да се корегира. Меѓутоа сигурно овие години ќе се направи најмногу што може за доброто на градот и на битолчани. За една година се направија доста улици, во првиот квартал од 2023 година ќе се довршат и сите преостанати планирани улици, а се подготвени и над 60 други проектни документации. Од поважните приоритети е што за нашите најмали жители градинката ќе продолжи да се гради, а изминатиов период интензивно се работеше да се завшри најбрзо што може прифатилиштето за бездомни животни. Битола во 2023та се надевам ќе стане град во кој ќе среќавам насмеани лица, задоволни граѓани, а за тоа треба многу работа, многу знаење чесност се тоа зачинето со добра организација. Одговорноста ја имаме сите, секој поединец. Јас лично ќе се потрудам да бидам уште подобра верзија од себеси.

Посакувам многу здравје, среќа и честити новогодишни и Божикни празници на сите битолчани, моите сограѓани. “


1337

Задолжително

Verified by MonsterInsights