Гаврил Трајковски, Левица: За 2023 нема што да се очекува, локалната власт нема слух за нашите проекти па реализира исти
Предновогодишно, додека советниците размислуваа, расправаа и гласаа за Буџетот на Општина Битола, pelanet.mk ги праша На / За што се надеваат во 2023 година како советници.
Гаврил Трајковски ги претставува граѓаните кои гласале за Левица.
„Среќна Нова година за сите битолчани. Како советник во 2023 година знам не чека долга и макотрпна работа со оглед на тоа што во 2022 година имаше голема узурпација на буџетот од власта односно од коалицијата Поинаку и ВМРО-ДПМНЕ, расипнички ја водеа локалната самоуправа. Ги видовме тие енормни суми на ресторантски услуги кои ги трошеа, цифрата очекуваме до крајот на годината да стигне преку 30 илјади евра што ние секако не се согласуваме бидејќи имавме поднесено многу поконструктивни амандмани, како на пример бесплатен оброк во детските градинки и дневниот центар за лицата со попреченост. И другиамандмани, еве во програмата за спорт и млади за 2023 година гледаме дека се злоупотребени како проекти на локалната самоуправа. Тие се амандмани поднесени лично од мене за претходната програма за спорт и млади, за кои што локалната самоуправа немаше слух во тој момент за тие проекти. Се работи за проектот што ние го крстивме „Здрава и спортска Битола“ а нивниот проект гласи „Спортско лето“. Им предложивме во текот на летниот период за граѓаните на Општина Битола да се организира бесплатно тренирање со професионални тренери и професори за лицата кои неможат да си приуштат да одат во теретана или слично да може да се едуцираат и запознаат некои нови вештини. Не е проблемот чиј е проектот туку немањето слух за нашите проекти и потоа актуелизирање како нивни проекти. Тоа во 2023 година нема да се промени, секако не со оваа узурпирачка власт. Ние секако ќе се потрудиме на идните избори локални да освоиме што е можно повеќе советници, а на идните Парламентарни сигурен сум дека без Левица нема да има власт. “