Петар Николовски, СДСМ : во 2023 да се слуша гласот на младиот човек
Предновогодишно, додека советниците размислуваа, расправаа и гласаа за Буџетот на Општина Битола, pelanet.mk ги праша На / За што се надеваат во 2023 година како советници?
Петар Николовски е советник од редовите на СДСМ и предизборната коалиција за локалните избори насловена „Најдоброто за мојата општина“:
„Пред се на сите наши сограѓани и општо граѓаните во нашата држава посакувам многу здравје, среќа и љубов да имаат во своите семејства. Во однос на политичкиот живот во градот, како претставник во Советот од редовите на Социјалдемократската младина и воопшто како млад човек, се надевам во градот да се слуша повеќе гласот на младиот човек. Што би значело дека сите иницијативи кои ќе потекнуваат од младите, а имаме доста претставници во Советот на Општина Битола без разлика дали доаѓаат од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ или Левица, или Поинаку , да бидат поддржани. Само така можеме да ги задржиме младите во нашиот град.“