Марко Јосифовски, ВМРО-ДПМНЕ: Во 2023 да имаме успех на спортските клубови

Предновогодишно, додека советниците размислуваа, расправаа и гласаа за Буџетот на Општина Битола, pelanet.mk ги праша На / За што се надеваат во 2023 година како советници.
Марко Јосифовски е советник од редовите на партијата ВМРО-ДПМНЕ во коалицијата од локалните избори насловена „Обнова за Македонија“

„Како советник се надевам дека во 2023 ќе имаме успех на спортските клубови. Очекувам влез во прва лига со фудбалот, очекуваме добра европска пролет со ракометниот клуб „Пелистер“ и се надеваме на освојување на купот со Кошаркарскиот клуб „Пелистер“. Одвоивме пари за спортот во буџетот, а со тоа што помагаме на спортските клубови сметаме дека е доволно да се стигне до овие успеси. Од проектите кои ги најавивме има повеќе кои сакам да се реалзиираат, но ќе го одвојам проектот за спортскиот комплекс за којшто се надевам дека се ќе биде како што треба и ќе се реализира што побрзо. Тој ни треба посебно за ракометниот клуб кадешто имаме најголеми шанси за големи успеси и со него ќе дадеме уште еден мотив плус за РК „Пелистер„. Секако очекувам и што поголема реализација на буџетот, тоа значи ќе се реализираат голем број проекти. Среќна Нова година за сите битолчани. “


1349

Задолжително

Verified by MonsterInsights