Елена Кромидаровска, СДСМ: во 2023 да го решиме сообраќајниот метеж

Предновогодишно, додека советниците размислуваа, расправаа и гласаа за Буџетот на Општина Битола, pelanet.mk ги праша На / За што се надеваат во 2023 година како советници.


Елена Кромидаровска Маховска е советник од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“.


„Првин посакувам добро здравје на граѓаните на Општина Битола. Очекувам дека сите заедно како советници од сите политички партии ќе донесемe револуционерни одлуки за доброто на граѓаните, затоа што, конечно некои проекти треба да се реализираат. Се надевам дека во 2023 година конечно ќе се реши сообраќајниот метеж во градот бидејќи граѓаните се жалат, неможе да се излезе со колите, посебно тие кои имаат мали деца, додека да стигнат до градинка … цела вечност…Сите се заложуваме овој горлив проблем да биде решен.

Се надевам дека ќе има нови паркинг места и дека конечно улиците во градот ќе заличат на улици кои доликуваат на град како Битола. “


1140

Задолжително

Verified by MonsterInsights