March 29, 2024

Марица Тодоровска, ВМРО-ДПМНЕ: во 2023 Пелистер да го добие стариот сјај

Предновогодишно, додека советниците размислуваа, расправаа и гласаа за Буџетот на Општина Битола, pelanet.mk ги праша На / За што се надеваат во 2023 година како советници.
Марица Тодоровска е советник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“.

„Потресена од некои од сцените на медиумитe што ги гледав деновиве ќе зпочнам со тоа.Се надевам дека младите луѓе ама и возрасните во 2023 година нема да леат солзи за лекови кои во светот се применуваат за ретките и сите болести. Кај нас за жал леат солзи по нив на телевизии, тоа е потресно и се надевам тоа ќе престане во новата година, да нема такви сцени на луѓе кои се засегнати со такви проблеми. Се надевам кога ќе врвам по битолските улици да видам посреќни луѓе, луѓе на кои лицето им го краси насмевка. Би сакала да видам она за што сите навистина се залагаме да го вратиме Пелистер во претходниот сјај, како кога одевме по патеките и пиевме чиста вода. Советот на Општина Битола заедно со градоначалникот и Општината во програмите веќе внесоа изградба на канализационен колектор , градба за пречистување на отпадни води во НП Пелистер. Ние кога бевме деца на секоја чешма трчавме и пиевме чиста вода и би сакала и мојата внука да може да го доживува тоа од сите чешми кои водат од „Молика“.
Се надевам и на успешна реализација на планираната градинка и реставрација на друга градинка , за тоа се залагаме да се направи, за да не мора мајките да бараат врски за нивните деца да се сместат во градинка; можеби проблемот во 2023 нема комплетно да се реши но во голема мера ќе се ублажи. “


1169