April 19, 2024

Златко Лозановски , Подем: Во 2023 општинската администрација да е поагилна

Предновогодишно, додека советниците размислуваа, расправаа и гласаа за Буџетот на Општина Битола, pelanet.mk ги праша На / За што се надеваат во 2023 година како советници.
Златко Лозановски е советник од Подем во коалицијата „Обнова за Македонија“.
„За 2023 година се надевам на успешна реализација на проектите коишто се предвидени во самите програми за работа, јавните претпријатија, годишната и развојната програма. Се тоа што е зацртано да биде реализирано. Меѓутоа за да биде реализирано, мислам дека како советници ние ја извршуваме нашата задача, во делот на гласањето и корекцијата на тие програми со што даваме зелено светло и одврзани раце и процедури на градоначалникот и општинската администрација да преминат во втората фаза – подготовка на реализација па се до крајната фаза. Така, нашата успешност во голема мера зависи од исполнетоста, мотивираноста и успешноста во реализирањето на работите на општинската администрација. Залудно е ако ние советниците гласаме програми кога понатаму одделението кое е задолжено за одредената програма не си ја заврши работата. Ние како советници можеме да ги следиме и да ги притискаме мегутоа сето тоа останува на збор, немаме некоја присилна метода. Можеби некоја втора опција е доколку не се спроведуваат во рокот во којшто треба или ако треба да се воспостави некој динамичен план на завршување на работите можеби треба да се изрекуваат и некои административни казни на раководителите вр вработените, неможе неколку вработени да го кочат развојот на една општина. Сите проекти од програмата што беше направена во 2021 година сакам да се реализираат. Меѓутоа постојат проекти и потреби на граѓаните кои тековно излегуваат. Не постои лош проект има само добри, и , ако правам некаква класификација има реализиран и нереализиран проект, тие сите се донесени на база на барањето на граѓаните. Вољата, потребата и внатрешниот порив да го променам општеството ме поттикнаа да влезам во политика. Сите генерации на политичари се трудат секоја година од нив да произлезе апгрејд, надградување и тоа секогаш треба да биде во нагорна линија. Значи некоја генерација нешто створила до нас, ние потребно е да го премодифицираме ако има потреба , да го воздигнеме до некоја мера и и понатаму и друга генерација да дојде да продолжи да подигне на уште повиско ниво, се со цел да стигнеме до една средина или општество коешто навистина ќе наликува на европските земји / градови. “


1139