Елизабета Тодоровска, Демократски Сојуз на Власи: Во 2023 важно е битолчани да не бегаат пред кучиња
Предновогодишно, додека советниците размислуваа, расправаа и гласаа за Буџетот на Општина Битола, pelanet.mk ги праша На / За што се надеваат во 2023 година како советници.
Елизабета Тодоровска е советник од партијата Демократски Сојуз на Власи, односно коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ .
„Во 2023 година се надевам дека ќе се реализираат некои проекти коишто беа почнати во минатиот мандат, мене ова ми е втор мандат. Важно ми е да се реши проблемот со бездомните кучиња, за да може граѓаните слободно да се движат во градот. Често гледам слики на социјалните мрежи и други медиуми кадешто бегаат и се плашат. Вчера на седницата разговаравме за почист град бидејќи тоа во моментов го немаме или можеби јас не сум задоволна, па се надевам дека овој притисок што вчера беше направен ќе даде некои резултати па и ќе почне да се подобрува чистотата во градот.
На граѓаните им посакувам добро здравје, повеќе пари и остварување на сите нивни желби.
Среќна Нова Година. “