Сашо Никовски,ВМРО-ДПМНЕ: Во 2023 реконстукција на улиците и проширување на зеленилото

Предновогодишно, додека советниците размислуваа, расправаа и гласаа за Буџетот на Општина Битола, pelanet.mk ги праша На / За што се надеваат во 2023 година како советници.

Сашо Никовски е советник од партијата ВМРО-ДПМНЕ.


„Најпрвин посакувам среќна Нова година и посакувам успех на сите битолчани.

Со промената на власта во Битола сите видовме дека локалната самоуправа за разлика од претходните четири години работи попосветено. Се надевам на реализација на повеќе проекти. Веќе имаме изгласано 60 нови проекти за 2023 година – реконструкција на преку 40 улици, изградба на градинка, кружен тек кај Ветеринарна станица , рекреативна зона Смолево, станица за Противпожарната територијална единица итн. Се надевам дека ќе ги подобриме условите за живот на битолчаните во почист град. Приоритет на градот е реконструкцијата на улиците затоа што тие беа во катастрофална состојба, сите беа со дупки. Како втор приоритет е проширувањето на зеленилото преку рекреативната зона Смолево, паркот кај Довлеџик и создавањето на нови 20 паркови во градот што како амандман на програмата и буџетот го достави советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. “


1277

Задолжително

Verified by MonsterInsights