February 1, 2023

На еден час пред полноќ, на сцената на Зимска приказна пред бројната публика, со аплаузи беа испратени од бројната публика планинарите кои првото изгрејсонце го дочекаат на врвот Пелистер.

Оваа година ПСК Olympus Mons заедно со SF Freeride, Mountain Solution и Vertical во рамки на зимската приказна во организација на Општина Битола, го организира веќе традиционалното ПрвиНаПрви т.е. ноќното искачување на 1- ви Јануари, на врвот Пелистер, со цел да го дочекаат првото изгрејсонце во новата 2022 година на 2601мнв.

60-тината планинари кои синоќа од платото на Офицерски ја започнаа својата традиционална тура ПРВИ НА ПРВИ, го поздравијаа првото изгрејсонце во Новата 2023 година ☀️.