Светот и ние громогласно со огномети ја испративме старата, ја дочекавме новата година

Во Македонија и другите христијански земји кои првенствено за верските празиници се водат според Јулијанскиот календар, Божик и Нова година допрва доаѓааат.
Тоа подразбира дека и според верата и според обичаите новогодишните украси задолжително, мора, да останат по улиците, дворовите и во куќите. Сеуште е време за подарување и купување.

Новогодишните украси со текот на времето станаа вистински уметнички дела, некои пак многу скапи ѕунѕурки. Како онаа од Hallmark Jewelers вредна неверојатни 82.000 фунти (136.000 долари)! Направена е од 18-каратно бело злато и е обложена со илјадници светкави дијаманти. Околу топката има два прстени со 188 рубини . Разбирливо е што во текот на годината се чува во кутија од стакло со дебелина од 6 мм окружено со челична рамка.

Новогодишните празици и пораката за дарување светот на корпорациите го користи за сопсвен профит. Некои од најдобрите декорации за на елката потекнуваат од најголемите фирми дизајнери на облека.



И додека Западот денеска ги расчисува улиците и домовие од заедничките празнувања, за поголем дел од светот денеска е првиот работен ден. А за пограничната патрола на американско-канадската граница ова е време на најголеми патроли. Многу американци се враќаат од Канада кадешто малку поевтино и многу попијано отколку дома во САД ја дочекале новата година.


Многумина се враќаат од Јармут, Нова Шкотска, во Канада. Слават таму оти се обожаватели Мајкл Бубле. Овој пак е популарен канадски уметник кој убаво изгледа и Господ го надарил со глас. Неговата заслуга за развојот на туризмот во Јармут е што во 2011 година ја возобнови со малку видоизменет аранжман и наслов песната од 1951 година „Почнува да изгледа како Божик“.
Автор на песната е Мередит Вилсон професионален текстописец од Мејсон Сити во САД, а приказната – дека Вилсон го посетил местото Јармут во Канада кон крајот на 40те години од минатиот век и таму добил инспирација и ја напишал композицијата.
Парк со стари дрвја спроти хотелот „Гранд“ и едно во хотелот, со продавници за играчки долж улицата на хотелот кадешто престојувал има до денес, па оттука, многумина веруваат дека оваа е вистинска приказна за креативноста побудена од глетка. Песната ја отсликува желбата за подароци на децата, ама и на родителите да заврши новогодишниот распуст.
