March 28, 2024

Состојба на патишта

Авионскиот сообраќај е нормализиран и во текот на денот нема да има одложени полетувања. Со околу два часа одложени се пристигнувањата на авионите од летовите од Истанбул, Турција поради тамошните временски прилики, стои на интернет страницата на ТАВ меѓународниот аеродром во Скопје.

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува: дека сообраќајот на експресниот пат Штип – Миладиновци е нормализиран во двата правци.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,по наместа влажни коловози.

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ: Поради појава на магла, намалена видливост до 50 м има на патен правец Тетово – Групчин .

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ: Поради појава на магла, намалена видливост од 50м до100м на патните правци Битола-Прилеп, Охрид-Струга, Скопје-Куманово, Скопје-Велес, Велес-Катланово и Кочани-Штип.

ФРЕКВЕНЦИЈА : Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премин, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Поради зголемено ниво на вода на реката Радика, од 16.12.2022 урнат е мостот кој води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште (општина Маврово и Ростуше).

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2022 година започната е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2023 година.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е затворен за сообраќај од 01.11.2022 за сите видови возила.


1122