Времето денес 3 јануари
Продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури. По котлините и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет, особено во ноќните и претпладневните часови, како и пониски дневни температури.
Денес попладне ќе започне да дува слаб до умерен северозападен ветер, особено долж Повардарието, кој ќе продолжи и утре, поради што преодно ќе се намалат условите за магла.
Во Пелагонија и Битола претежно сончево во текот на денот, минималната температура на воздухот ќе се движи од – 3 до 0 степени Целзииусови , а максималната дневна меѓу 8 до 13 степени.