May 29, 2023

Новогодишни реклами – ќе ве насмеат или растажат, станаа засебен дел во маркетинг индустријата

Новогодишните и Божикните празнувања се одлична прилика компаниите да ги зацврстат своите брендови, но и да се дефинира по некој нов. Има и промашувања, како годинешната на Баленсијага кога на детските играчки им ставија чипкаста садо-мазо облека и симаа деца со нив. Кампањата беше целосно повлечена од сите медиуми, колку што во време на интернет ( не ) може тоа да се направи.

Но, генерално Новата година е прилика маркетинг тимовите да се дефинираат себеси и со добро организираните кампањи да допрат до потсвеста на луѓето, да ги засмеат или растажат, секако да ги поттикнат на акција.

Кока-Кола, од каде, многумина веруваат започна празничниот маркетинг, годината ја посвети на оставената мудрост, совети, знаење од повозрасните кои повеќе не се на овој свет.

Латвиската маркетинг куќа TBWA Latvia годинава ја понуди на светот рекламата „Снешко“. Кога треба да се направи нешто, фокусирањето и истрајноста се најважни за успех. Во случајов т.н зимски бургери на МекДоналдс.

На крајот на рекламата нараторот вели оти сендвичите биле „да се стопиш“ за нив. Па, како што тоа често се случува меѓу светските компании од иста гранка, рекламите се и мало ривалство. M&M’S Limited од Њуарк, Њу Џерси „го стопи“ Снешко. Го викнаа на забава.

И македонските компании се почесто понудуваат новогодишни реклами, фокусирани на производите, но и на универзалните пораки. Оваа година се издвојува рекламата на Телеком, ги отсликува сите проблеми на кризното време во кое живееме, мракот, булингот во училиштата, сите лични трагедии што се минуваат, со пораки за грижа за секого и енергијата што извира од семејството.

Војната во Украина според сите параметри и квалификации ја одбележа 2022 година. Изненадените светски граѓани кои даруваат на овој празник во текот на годината со голема леснотија прифатија да се откажат од големото руско светско културно богатство и заедничка историја, па, направија и анти-руска новогодишна реклама.


1014