April 19, 2024

TАВ Македонија: Од 9 часот денеска нема одложени летови

„Од 20 часот на 2 јануари до 9 часот утровo авиокомпаниите откажаа 10 лета, а пренасочија 3 лета, поради намалена видливост како резултат на густата магла во скопската котлина, соопшти ТАВ Македонија.

Од 9 часот наваму нема откажани летови на Меѓународниот аеродром Скопје. Во моментов не очекуваме нарушувања, но видливоста е променлива и зависи од временските неприлики во кои се наоѓа скопската котлина веќе неколку дена.

За сите натамошни информации во врска стекнување на патничките права, ги упатуваме патниците да се обратат кај својата авиокомпанија, со чии услови и правила на користење се согласиле кога ги купиле авионските карти. Согласно правилата на авиопревозниците за вакви ситуации, тие им организираат превоз и хотелско сместување на патниците.

Доколку патниците имаат потреба дополнително да ги бараат своите патнички права, ги упатуваме да се обратат до Агенцијата за цивилно воздухопловство, на чија веб-страница се пропишани правилата и условите за нивно остварување.

Ги упатуваме патниците да ја следат нашата веб-страница“, соопшти ТАВ Македонија.

Извор: ТАВ Македонија


1106