December 7, 2023

Одземени дрва бесправно исечени

На 03.01.2023 во 15.00 часот во атарот на с.Света, демирхисарско, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на сообраќајот при ОВР Демир Хисар пронашле моторна пила и нежигосани огревни дрва натоварени на трактор, управуван од Х.Б.(22)од с.Света.

Дрвата и моторната пила биле одземени и предадени на Шумска полиција. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.


1060