ВМРО-ДПМНЕ: За 7 години Владата потроши 20 милијарди евра, а ни евро за почист воздух
Македонија тони во загаден воздух, за седум години Владата потроши 20 милијарди евра, а ни евро за почист воздух. Седум години СДС е централна власт. Седум години откако станаа власт со ветувањето за почист воздух. Седум години како и Скопје и цела Македонија се гушат во загадениот воздух, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„20 милијарди евра се потрошени преку буџетите секоја година изминативе седум години, а ниту едно евро не е суштински инвестирано за почиста животна средина или намалување на загадувањето на воздухот.
Ниту на локално ниво каде СДС ја имаше власта до пред една година не беше преземено ништо посуштински, не ги имплементираа ниту заклучоците кои сами ги донесоа во Собранието.
Заедно со Арсовска и Левица во коалиција го гушат и Скопје. Нивниот партиски кадар, директор на ЈСП потпиша договор по тендер за набавка на гориво без вообичаениот рабат и со тоа го оштети претпријатието за 1,5 милиони евра, колку што истото им должи на приватните превозници и го остави Скопје со помал број на превозници во сред грејна сезона и голема загаденост.
Се што прави СДС е само за профит на поединци, а на штета на народот и на идните генерации, затоа потребни се избори и нова влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе работи за подобра иднина“, соопшти партијата.