February 1, 2023

Коледарски оган, традиција која се негува


Уште од минатото е познато палењето коледарски оган, со кој се испраќаат коледарите на коледе.

Сепак, модерното време, но и коронавирусот ги изменија овие обичаи кај луѓето, па речиси сѐ поизвесно е дека бројот на коледарски огнови ќе биде минимален. Едни ќе ги палат за Коледе, други, пак, оган палат на Василица. Секој град има своја традиција.

Во Битола коледарските огнови се традиција. Во секоја населба, помеѓу две-три згради, на ширинки во населбите, секаде се палат огнови. Од најмало до најстаро, сите излезени да ги испратат коледарите на коледе од куќа до куќа, каде што добиват разни подароци составени од јаболка, портокали, костени, ореви, понекое бонбонче и, се разбира, паричка.