April 18, 2024

На 21 година во трагична несреќа животот го загуби фудбалерот Стефан Петровски – Паше

Нова трагедија во македонскиот спорт. На само 21 година во трагична несреќа животот го загуби фудбалерот на Новаци, Стефан Петровски – Паше.

„Тага, очај, неверување… Збогум Паше, најди си мир на некое поубаво место. На фудбалскиот терен секогаш ќе живееш“, напишаа од Новаци на социјалните медиуми. 

Македонскиот фудбал загуби уште еден млад фудбалер, кој што пред да се пресели за Новаци беше дел од младинските школи на Пелистер и Академија Пандев.

Извор: Гол.мк


1116