Бадник во Прилеп

Се радувам што оваа година за Бадник ја продолживме традицијата на „Бадникови поворки“ со учество на голем број дечиња од нашиот град, кои што симболично денес го најавуваат раѓањето на Исус Христос.
Оваа година под мотото: ,,Бадник и Божик во полн сјај”.
Ги слушнавме традиционалните и препознатливи песни: Вечниот Бог”, ,,Тропар на Рожденство Христово” и ,,Кондак на Рожденство Христово” и во духот на христијанството го одбележуваме празникот.
Сакам да истакнам уште еднаш дека оваа Локална самоуправа секогаш ќе дава свој придонес и поддршка за сите вакви традиционални настани и одбележувања, затоа што мораме да си ја чуваме нашата вековна христијанска традиција бидејќи тоа е она по кое што сме препознатливи како Македонци и православни христијани.
Ви се заблагодарувам на сите кои што учествувавте во организацијата, а посебно на Здружението ,,Бадникови поворки” и на сите дечиња и учесници ви ги честитам претстојните божиќни празници, да ви е среќна новата година и да сте здрави, живи и успешни!
За многу години!
