Бадникова поворка во Могила

Денес децата од нашата општина учествуваа во ,,Бадниковата поворка” која донесе голема радост во пресрет на Бадниковата вечер.
Децата со Ангелска песна ,,Вечниот Бог” го најавија Христовото раѓање пред големиот христијански празник Божиќ.
Среќен сум што на ваков начин ја продолжуваме вековната коледарска традиција и како општина и во иднина ќе продолжиме да ги негуваме традиционалните вредности.
Ги дарувавме овие драги коледарчиња со бадникови пакетчиња, им ги честитав празниците и посакав да се здрави, живи и успешни, и наредна година побројни.
За многу години денот!
Драганчо Саботковски – Градоначалник на Општина Могила
