June 8, 2023

МЛАДИТЕ ГЛАСНИЦИ ОД БАДНИКОВАТА ПОВОРКА ВО ОПШТИНА БИТОЛА

Поаѓајќи од пред Офицерскиот дом, низ Широк Сокак со ангелски глас низ кој одѕвонуваше Божиќната песна „Вечниот бог“, Бадниковата поворка, внесе радост и во Општина Битола. Младите гласници на најубавата вест, во општината беа пречекани од заменик градоначалникот Бојан Бојкоски, претседателката на Советот на општина Битола, Габриела Илиевска и советниците Анета Ѓоргиевска и Борче Корлевски, кои им поделија коледарски пакетчиња.


1004