March 28, 2024

Годината е нова, но и покрај сите желби за подобар живот, кај малкумина има промена на причините за нерасположение. И самото враќање кон секојдневната рутина со завршувањето на празникувањата може да биде причина за раздразливост.
Медицинските науки докажале дека доминантото лошо расположение може да доведе до хронична болест – негативните чувства кон другите и кон себе прават метаболитички промени кои водат до болести.
Препораките за промени се врзани со промена на исхраната, поголемо соединување со природата и физички активности, позитивно мислење. Се тоа, пак може да биде причина за нерасположение, особено доколку не се исполнува замисленото.
Има многу техники за надминување на лошото расположение, а последната којашто добива на популарност е најстарата.

Mindfulness на Англиски или самосвесност, свесност или внимание кон себе наспроти околината е ментална состојба постигната со фокусирање на сопствената свест на сегашниот момент, притоа мирно признавање и прифаќање на чувствата, мислите и телесните чувства, што се користи како терапевтска техника.
Дали вниманието може да биде чекор кон подобро расположение? Научниците одговараат потврдно. Една неодамнешна американска студија покажа дека оваа техника може да биде одличен сојузник во борбата против стресот.


Ако сакате да го практикувате, започнете со избирање време од денот за да го посветите на вашиот ум. Вежбата треба да ја изведувате во тивка просторија каде никој нема да ве вознемирува. Станете во удобна положба, а потоа фокусирајте се на само една работа.
Како работи? На пример, затворете ги очите и фокусирајте се само на вашето дишење. Дозволете мислите да ви се протнат низ главата, но немојте да ги анализирате и да не судите себеси, вашите постапки или постапките на другите на кои можеби мислите. Едноставно дозволете мислите да минуваат низ вашиот ум, а вие сте само нем набљудувач кој нема да се „приклучи“ на мисловниот процес, туку само ќе биде сведок на тоа, обидувајќи се да го задржи фокусот на дишењето.
Mindfulness е основната човечка способност да бидеме целосно присутни, свесни за тоа каде сме и што правиме, а не претерано реактивни или обземени од она што се случува околу нас. Затоа, на следното ѕвонење на телефонот, не остварувајте го контактот веднаш, застанете, вдишете длабоко свесни за себе во околината, па потоа разговарајте.


1075