ОТВОРЕНО ПИСМО ДО МЕТО КОЛОСКИ И ОМД: ДА СЕ МОБИЛИЗИРАМЕ ВО ОДБРАНА НА МАКЕДОН(ИЗМОТ)ШТИНАТА

Мето, голем поздрав од Скопје!
Повеке пати ти пишав, но не ме удостои со било каков одговор и затоа се одлучив вака, јавно, да ти се обратам тебе и на членовите на ОМД.
Од мојот прилог објавен во МАКЕДОНСКА НАЦИЈА (види во порталот: mn.mk) можеш да согледаш дека овде, дома, во Македонија се соочуваме со невидени притисоци за промена на Уставот на РМ и вметнување на Бугарите – замислите: како конститутивен народ во преамбулата на нашиот устав!? Многу е јасно дека значајна (ако не и к л у ч н а улога) во тие притисоци има STATE DEPARTMENT–от, претставен преку амбасадорката во Скопје Н.Е. Анџела Агелер (се поочигледно станува дека таа можеби и ќе го надмине Jess Baily со потезите што ги прави во името на Стејт Департменот за промена на Уставот на РМ и ништење на македонштината!!!
Cпоред мое видување, тоа се прави пред се во интерес на Грција која не може да прифати дека на планетава земја постои нација што се нарекува М А К Е Д О Н Ц И, а во последно време и на Бугарија која сега гледа шанса за остваруванје на СанСтефанските соништа!!! Колку за потсетување: Една од првите изјави на грчкиот министер за надворешни работи Дендијас кога дојде на таа функција беше: “Ќе ги примораме Скопјаните да се откажат од македонизмот низ процесот на преговори за членство во ЕУ”. Потоа следеше и изјавата на Бугарскиот претседател Радев на конференција во Берлин: “Не смееме да дозволитме македонизмот да навлезе во ЕУ”. Појасно од ова мислам не може да биде!
Нејзината екселенција амбасадор на САД отиде лично во Мала Речица, за таму – во седиштето на таа партија – владин коалиционен партнер, лобира: партиите на Албанците во Македонија да се мобилизираат и преку своите пратеници во Собранието на РМ да гласаат за промена на Уставот нa РМ. По таа средба и Албанскиот премиер Еди Рама ги покани лидерите на партиите на Албанците во РМ во Тирана, кобожемски на пост-Новогодишна средба, но со јасни сигнали дека и тој – во улога на патрон на сите Албанци во регионот, вклучувајки и во Македонија и воедно мешајки се во внатрешните работи на нашата земја, се ангажира сите албански пратеници во Собранието на РМ да гласаат за промена на нашиот Устав.
Збор-два за Грција. Таа има многу силно лоби во САД. Имаа потпретседател на САД Грк (Спиро Егњу), имаа кандидат за претседател на САД (Мајкл Дукакис), имаат многу голема иселеничка заедница и крупни бизнисмени кои даваат подршка и на републиканската и на демократската партија (типично византиски стил – и на едните и на другите и која партија е на власт Грците имаат свое влијание во неа), а тука е и подршката од Грчките бродосопственици и крупниот бизнис од Грција, кои сесрдно влијаат и на надворешната политика на САД, креирана и егзекутирана преку Стејт Департментот.
Вметнувањето на Бугарите како конститутивен народ во нашиот устав ќе значи на долга патека – според мое видување, реализација на СанСтефанските соништа на Бугарија и тоа со силна политичка (и не само политичка) подршка на САД и Европската унија. Со други зборови, она што Бугарите не можеа да го остварат во војна – со оружје (анексија на Македонија), сега имаат (не дај Боже, далеку било) голема можност да го остварат со политички притисоци и средства.
Мето, верувам ОМД како организација имате некои сенатори и конгресмени во Вашингтон што би го покренале прашањето за нас – како верни и лојални сојузници на САД: да се спречи Американската подршка за овој геноцид врз нас – кои останавме во татковината и секаде каде не има ширум светот, што се обидуваме со сите сили да ја одбраниме Македонија и Македонската нација!?
Апелите во стилот осуди, деманти и сл (Ваше соопштение: ОМД: МНР и МВР да ги прогласат Џамбаски и Каракачанов персона нон грата), што често ги правите се од полза, но има и други – поефикасни методи. Не ни помислувам да се мешам во вашите методи на работа и да делам лекции, но само како сугестија: пишувајте писма, апели и сл. и во Американските медиумите, па белким ќе помогне некои работи ќе се корегираат. Освем тоа, користете ги искуствата на грчката “невладина” организација ПАНМАКЕДОНИКИ која не е ништо друго до гласноговорник на владата во Атина! Со други зборови, се што Грчката влада од разни причини не е во позиција јавно да објави или покрене, тоа многу гласно го прави нејзината дијаспора главно преку споменатата и слични организации!!!
A за нашата подршка на САД, колку за потсетување: Македонија учествуваше во “Заливската војна” како сојузник на САД; од самиот почеток учествуваше во мисијата ИСАВ во Авганистан со свои 160 војници (Грција имаше само 30 војници тогај и тоа главно медицински персонал и обавештајци), нашите војници во Кабул ја чуваа амбасадата на САД и командата на операцијата ИСАВ и да не набројувам понатаму.
А да ве прашам драги мои сонародници, Aмeринакци со македонски корени: Kaко е можно САД да не жртвуваат нас заради Бугарија и воопшто да и веруваат на Бугарија? Па Русите два пати им направија држава – еднаш царска Русија, вториот пат советска Русија, а Бугарите први им свртеа грб! Што мислат во Стејт Департментот, зарем тоа нема да им го направат еден ден и ним? Па почнувајки од нивниот претседател Румен Радев, до најголем дел од политичари и офицери во Бугарија се Руски воспитаници! Тоа во Вашингтон не го сваќаат???
Со сигурност знам, од времето кога бев амбасадор во НАТО, (По тој основ сме и с о ј у з н и ц и со САД кои ни се воедно с т р а т е г и с к и партнери!!!) дека Стејт Департментот беше длабоко инволвиран за скицирање на антимакедонско сцеранио (силно подржано од ЕУ), за промена на уставното име на Македонија. преку разни “шарени револуции” и слично!!! Впрочем, Поранешниот Американски амбасадор во Македонија Џес Бејли јавно го призна тоа со изјавата што ја даде по големиот притисок на македонската јавност: “Се што правам овде (во Републиката) е според инструкциите што ги добивам од Вашингтон”.
Господ и Св. Климент, а се разбира и ОМД нека ни се на помош!
Во Скопје, 24 јануари, лето Господово 2023.
М-р Мартин Треневски, Поранешен министер за иселеништво и амбасадор
П.С. Како идеја: Можете слободно да го преведете ова мое обраќање и да го препратите на сите членови на Сенатот и Конгресот. Веројатно кај некого ќе допрат моите пораки како бивш министер во две македонски влади и повекекратен амбасадор на Република Македонија
Ставовите искажани во рубриката Колумнa се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на pelanet.mk. Редакцијата на pelanet.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
