February 1, 2023

НА МАКЕДОНИЈА И ПРЕТСТОИ БУРНА ПРОЛЕТ, А БОГА МИ И БУРНО ЛЕТО

(ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 191)

На Македонија и претстои многу бурна пролет, а Бога ми и лето! Ова може да се очекува од секојдневните изјави и најави и од домашните, но о странските политичари и дипломати акредитирани во Скопје. Главна тема што доминира е инсистирањето на странците, но и домашните властодршци – промена на Уставот на Македонија и вметнување во преамбулата на Бугарите како државотворен народ. Се разбира, во тој пакет се споменува и вметнуваќе на Хрватите и Црногорците во нашиот Устав што воопшто не е спорно бидејки тие се интегрирани во македонското општество како рамноправни граѓани и придонесуваат за доброто на целиот народ, Но вметнување на Бугарите, што од Брисел ни ставија на знаење дека е услов без кој не се може (што е без преседан во историјата на ЕУ) за стварен почеток на преговорите за членство во ЕУ – е тоа е веќе многу сериозен проблем за пошироката македонска јавност!

Видовме и своевидна најава за трауматичниот политички (и не само политички) пероид што претстои до ноември годинава, кога е зацртано дека треба да се реши проблемот со промена на Уставот на РМ, и кога завршува првата фаза на таканаречениот скрининг процес од што ќе зависи почетокот или непочетокот на преговорите за членство во ЕУ. Велам најава (небаре фалеа уште фанфари па се да биде “на ниво”, е и конференцијата на Советот на амбасадори што се одржа на 12 јануари во Скопје. Настанот беше отворен со говор на Претседателот Стево Пендаровски, па следеа заменикот премиер Бојан Маричич (учесник со “Шарената револуција” што ја турна легално и од народот избраната влада на Никола Груевски), па Амбасадорот на ЕУ во Скопје Дејвид Гир, потретседатлаката на владата Славица Грковска, амбасадорката на Шведска Ами Јаин, заменикот амбасадор на САД Ерик Мајер, амбасадорот на Франција Сирил Баумгартнер, амбасадорот на Холандија Дирк Јан Коп, амбасадорката на Хрватска Нивес Тигањ, амбасадорката на Романија Адела Моника Аксинте, чешкиот амбасадор Јарослав Лудова и неколкумина домашни амбасадори и политичари. Со еден збор елитен состав очигледно педантно одбран за да не убедува нас – домашните амбасадори и други присутни во оправданоста на искажаните нивни пораки за неопходноста за промена на македонскиот Устав. Неизбежна тема беше кај сите говорници и корупцијата во Македонија на сите нивоа како најголем проблем за побрзата интеграција на земјата во ЕУ.

Единствен од присутните кој реагираше во презентираните визии на панелистите бев, за жал само јас За корупцијата се послужив со онаа, народната: “Рибата смрди од главата”, при што најдирекно посочив дека корените на корупцијата треба да се бараат во највисоките ешалони на власта, а како пример го споменав случајот со издавање на 214 македонски пасоши – меѓу останатите и на босовите на црногорската, неаполската, турската, па дури и Бразилската мафија. Потоа шверцот со дроги во којшто се вклучени и високи функционери од македонската полиција и сл.

Отворено се изјаснив против промена на Уставот од повеќе причини. Пред се, без преседан е во меѓународни рамки земја, наш сосед, а членка на ЕУ да те приморува насила да го мениме Уставот заради нејзин ќеф, а што ни се наметнува како главен услов и во таканаречената преговарачка рамки за Македонија да може да почне преговори за членство во ЕУ. Па дури тоа и ако се случи, (далеку било) допрва ќе следат притоци, уцени, убедувања, подмитување и други методи со кои се служи меѓународната заедница за да ги оствари своите зацртани цели, а ние немаме ама баш никакви гаранции дека преговорите ќе течат успешто! Особено не, како што се најавува за пропагандни цели, дека демек имало шанси тие преговори да завршат успешно до 2030 година што, според мене, е невозможна мисија (mission impossible).

Дека сум во право што сум против вметнување на Бугарите во преамбулата на Уставот се покажа и деновиве со ушт една голема провокација (за која надлежните воопшто не реагираа) од поголема група Бугари кои искористија годишнината од смртта на Тетовчанката Мара Бунева (која сред Скопје го уби српскиот генерал Прелиќ во дваесеттите години од минатиот век) да извикуваат пароли “Македонија е бугарска”, “Бугарија е од Црното море до Охрид”. Бугарија најавува формирање на бугарски клубови во дваесетина македонски градови, а вметнување на Бугарите во уставот би значело и можност тие да формираат и политичка партија и да излезат на избори па и во нашето Собание да ни говорат и на бугарски јазик.

Со други зборови, она што Бугарите не успеаја да го остварат на бојно поле (Санстевафска Бугарија), да си го реализираат со политички средства со помош на ЕУ и Стејт Департментот!?

За жал, се чини за бугарското сцеранио, сега институционално подржано од ЕУ, се чини дека стои и нашиот стратегиски партнер – САД. Американската амбасадорга Анџела Агелер неодамна лично отиде во седиштето на ДУИ во Мала Речица, што е без преседан! Не знаеме што разговарале таму, но претпоставувам дека ги убедувала да се обединат сите албански партии застапени во Собранието за да гласаат за промена на Уставот. Тоа, впрочем се потврди на средбата во Тирана на премиерот Еди Рама со водачите на албанските партии – со исклучок на Беса, а заклучокот од таа средба многу јасно го искажа Али Ахмети од ДУИ кој во повече наврати беше категоричен, па прозвучи дури и заканувалки, за неопходноста од промена на Уставот!

Би ги запрашал и креаторите на политики во Брисал и во Вашингтон: што ако се случи по нив лошата (!?) варијанта, т.е. неприфаќање на рамката за преговори за члнство на РМ во ЕУ? Се закануваат дека ќе ги прекинеле постапките со Македонија, и…? Ќе остават црна дупка на политичката мапа на Балканот и ќе овозможат пенетрација на влијаанието на екстремниот ислам и руското влијание??? Бидете поодговорни господо и извлечете поуки од она што се случува во Украина бидејки проблемите од нашиов регион многу лесно може да ви дојдат кај вас, дома!!!

Единствен спас од ова грдо и за нас поразувачко сценарио за бришење на Македонците како нација (тоа е целта на нашите соседи за што одработуваат ЕУ и САД, а небаре сме нивни сојузници во НАТО!?) е опозицијата да ги повлече своите пратеници во Собранието (вкупно 44 од 120), да изнуди предвремени избори и избор на нова влада.

Христијане Мицкоски, како лидер на опозицијата ти си на потег!!!

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор