October 1, 2023

Врз основа на известувањето добиено од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура, општина Битола, ја известува јавноста за пуштање во сообраќај на воз за превоз на патници на пругата Битола – Жабени. Во известувањето од претпријатието се наведува следното:

„ЈП за железничка инфраструктура Железници Инфраструктура доби барање за доделување траса за патнички воз на пругата Битола – Жабени од страна на железничкиот превозник ЖРСМ Транспорт АД Скопје.

Согласно барањето, возовите се планирани да започнат со сообраќај на 1 февруари 2023 година“, се наведува во информацијата, а повеќе информации во врска со патничкиот воз може да се добијат од Железници Транспорт АД Скопје.

Извор: Општина Битола


1011