April 19, 2024

Новаци повторно дел од проектот „Зајакнување на младите од Пелагонија“

Градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски присуствуваше на свеченото отворање на второто продолжение на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија 2″. Ова е втора година како Општина Новаци ќе биде дел од овој проект кој се спроведува во соработка со Про Локал и деветте општини во Пелагонија, а е поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија и Програмата МАТРА.
Во ова продолжение на проектот ќе бидат вклучени нови 7 млади луѓе од Општина Новаци кои ќе се организираат преку здружението Европска гледна точка.
Проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија 2“ продолжува уште две години, а со тоа и заедничката соработка која што се формализираше со потпишување на Меморандумот за соработка и унапредување на состојбата на младите и можностите за млади во Пелагонискиот регион помеѓу претседателот на Про Локал и градоначалниците на пелагониските општини: Демир Хисар, Ресен, Новаци, Могила, Крушево, Долнени и Кривогаштани, а од оваа година дел од проектот ќе бидат и Битола и Прилеп.

Извор: Општина Новаци


1026