Новак Ѓоковиќ тениски и морален победник на Австралија Опен

Со 3-0 во сетови Новак Ѓоковиќ го победи гркот Срефанос Циципас и ја освои својата 10та титула на овој голем и значаен Гренд Слем турнир во тенис.
Три работи се важни за оваа теника победа: мечот го доби со 3-0 во сетови, сега пак е прв на АТП листата потиснувајќи го Шпанецот Алкарас, со оваа победа има 22 Гренд Слем титули што е рекорд сам по себе.
Ѓоковиќ не знае за пораз во Мелбурн бидејќи ова му е десетта победа во финален натпревар на овој тенински турнир.
По минатогодишното депортирање проследено со големи понижувања за него, оваа победа е голема морална победа на најдобриот тенисер од Балканот во моментов, заради што овогодишното финале емитувано од австралиската телевизија „канал 9“го гледале околу 15 милиони гледачи.
Фото насловна : Novak Dokovic FB profil
