April 19, 2024

Годишна конференција „Година на нови можности“

Денеска и утре во Скопје се одржува годишна конференција насловена „Година на нови можности“од која владата на РМ ги очекува генералните насоки и размисли за потезите што треба да ги влече во тековната година.
Целта на годишната конференција е преку дискусија да се направи пресек на владините мерки и случувањата во 2022 година, со акцент на идните насоки и визија за новата 2023 година.
Во рамки на конференцијата во двата дена е предвидено одржување на вкупно 8 панели на различни теми. „ЕУ интеграции и реформски процеси“ , „Капитални и инфраструктурни проекти за подобар квалитет на живот и развој на културата во услови на криза“, „Инвестиции и економски раст во услови на криза”, „Социјални и здравствени политики во време на криза“, се темите на кои ќе се дискутира денеска ( 30.01.2023), а во текот на вториот ден од конференцијата (утре) ќе се дискутира на темите „Северна Македонија како зелен енергетски хаб – како да се претвори кризата во можност“, „Надворешна, безбедносна и одбранбена политика, предизвици и можности за обезбедување меѓународна соработка и сигурност“, „Фискални, монетарни и даночни политики во време на криза“ и „Рамномерен регионален и локален развој и придобивки од новиот систем за субвенции во земјоделство“.
„Плодните дискусии ќе обезбедат добри насоки за тоа како, оваа 2023 година да ја погледнеме како можност и да ги искористиме предизвиците за да обезбедиме стабилност, сигурност, подобар животен стандард, подобро владеење на правото, подобра инфраструктура, подобри услуги за граѓаните, економски напредок, социјална правда, владеење на демократија и подобар живот по европски стандарди.“пишува во информацијата објавена на влада.мк


1037