Собраќајот се одвива по патишта со кашеста маса, вечерва опасност од замрзнување

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб снег се бележат во Маврово, а на планинскиот превој Ѓавато има остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. – вели извештајот за одвивањето на сообраќајот и состојбата на патиштата од 12.00часот од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта (Македонија Пат).
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нашиот дежурен телефон 02 25 61 502
Извор: диспечерски центар ЈПОЗМР
