ВМРО-ДПМНЕ: Дали бегањата од затвор се сценарио на СДС за инциденти?

„Дали бегствата на човек, член на СДС, со фотоалбум со половина Влада, претседател на држава и цело раководство на СДС, како и на поранешен полицаец- насилник и наркодилер, двајцата од затворот во Шутка, што мина без никаква јавна одговорност или санкција, не се намерни пропусти, за теснопартиски интереси на СДС, дали не се побегнати за да можеби предизвикаат, исценираат или организираат инцидент на 4 февруари?“ – прашува денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски одржувајќи една од редовните прес конференции на партијата.
„Затворите се решето во кое што останува само оној што нема конекции со СДС. Одговорни за тоа се затворските управи и служби поставени од СДС во чија што хиерархија доминираат луѓе од таканареченото обезбедување на партиските собири на СДС. Во само еден месец најмалку три бегања се случија на територија на Скопје. Се посочува на врски меѓу избеганите и СДС, а молкот и немањето санкции упатува на сомнеж за намерни системски пропусти. “
„МВР мора сериозно да пристапи и избеганите да ги врати зад решетки, а министерот Тупанчевски да преземе сериозни мерки и санкции во затворската администрација. СДС, Спасовски и Тупанчевски не смеат да одмолчат на овие прашања. Состојбата којашто ја креираше СДС е пресериозна за да се тераат теснопартиските интереси.“- е ставот на ВМРО-ДПМНЕ


1037