March 26, 2023

Британец ќе донира речиси 500 милиони долари за да си ги мотивира децата да работат

Иако има богатство од 500 милиони долари, Дејвид Фишвик нема да ги остави парите на своите деца, со цел да ги мотивира да работат. Овој Британец на возраст од 51 година имал скромни почетоци, не завршил училиште и се вработил како градежен работник.

Почнал да заработува со основање компанија која продавала минибуси. Но, богатството го заработил по финансиската криза во 2008 година кога основал сопствена банка за да им помогне на локалните бизниси да растат, а неговата приказна била претворена во серијата на Нетфликс, Банката на Дејв.

Тој ќе донира 99 отсто од своето богатство за да ги направи своите деца мотивирани во нивната работа. Тој вели дека децата не сака да ги „оптоварува“ со своето богатство. Ова не е прв ваков пример во светот. И претходно имало богати луѓе кои парите ги донирале на други, а не ги поделиле на семејството.

https://www.vesti.mk/article/63d919dec6b4b0e4470327d1